негирање (имн.) - на (предл.)

Од сегашното признавање на постоење на Балканскиот Полуостров само три словенски народи: Словенци, Србо-Хрвати и Бугари, со негирањето на Срби во центарот на Македонија, како индиректно да се признава имањето таму Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интимноста на дигитално ниво ја програмира и збогатува размената на потоплите нивоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Интерекранската комуникација не имплицира оспорување или негирање на живата комуникација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прво, актуелното негирање на фактот дека уметничката креативност во Британија (посебно во Лондон) беше процес на реципроцитет и борба помеѓу уметниците од многу националности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наградениот писател добро ја опишал работата на народњачките јадови, но бидејќи и самиот е народњак, заробен во бабските илузии, тој не е кадарен да види дека „повоената социјалистичка фарса” е само точно и прецизно негирање на фарсата во која „трупот ја добил улогата на Севишниот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)