Затоа пејте само, звона на небо ќе звонат, пејте и кога глас во Вас нема, оваа прекрасна мисла, нека ве следи верно,за Ангелот кој со глас среќа создаваше, чувајте го во Вас, макар во Сонот. (на Тоше)
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А кога ќе падне мрак и на небо ќе изгрее полна месечина, ќе се перпелкаме во покосената трева и ќе правиме деца.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе заврне. Јасното, ѕвезденото небо ќе биде сменето од матно, утринско.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој набој попушташе, од кога небото ќе се олеснеше, па можеше полесно да се диши...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Оттогаш кога на небото ќе се појави авион, Гошко ја крева главата, го гледа, се восхитува и си вели: - Одамна, кога дедо ми бил дете, немало авиони.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Види дедо колку сум порасната! До небото ќе стигнам уште малку.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не оставај ме, кога небото ќе те повика крај себе, тука дупка ќе остане само празна без нежна душа, која рани мие.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Можеби едино пред
уметноста, во состојба на
метафизичка исповед
и транс!
Насетуваш:
небото ќе молсне сеопфатно, како очај.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Туѓинецот ќе ја искористи
широкоградоста на небото
ќе влезе низ подземни порти
и со отров ќе нѐ попрска
Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Дуко Вендија само удира, да може и небото ќе го урне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)