небо (имн.) - како (прил.)

Со идеализам на получовек и хендикеп на кентаур ја оптегнувам Стрелата како небо како срце.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Откај Илинска Планина небото како во оган пламна и почна да се златее.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)