Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И му се чинеше дека пругата, ридот, куќичката, тополата и небото се денес нешто најубаво и најинтересно во светот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Сега твојата коса и августовското небо се исто! - рече.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Погледна за миг во голотијата над себе. Сите неба се далеку, рече. И моето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)