Со ставовите 2 и 3 од овој амандман се врши дополнително проширување на надлежноста на Уставниот суд, но тие не се предмет на оваа студија, бидејќи на директен начин не ги тангираат работничките права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тој просто беше соочен со потребата да оди да го побара, кога веќе не наиде на некоја трага по која ќе тргне. Полесниот начин не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)