Ако се земе во предвид дека штрајкот е спонтана и автентична акција на работниците за заштита и унапредување на сопствените работнички права, тогаш може да заклучиме дека на овој начин темелно се навлегува во суштината на ова законски и уставно загарантирано право и на овој начин се одзема иницијативата од рацете на самите работници, преку обременување на штрајкот со норми кои одат во насока на давање на дополнителни надлежности на раководните органи, односно работодавачите по ова прашање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)