начин (имн.) - свој (прид.)

Спотот на СЈ се стреми да постигне некој фраерски кредибилитет така што ќе си ја импресионира публиката служејќи се шизички со некои нејасни, откачени, старински референции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на групата се претставуваат како занесно страсни приврзаници на Џоан Крафорд, но ставот кон Крафорд што се имплицира со претераниот приказ од Копола кажува вртоглаво комплексна приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Ами како ќе живее таа држава која е толку малечка и сиромашна? – прашуваше и загрижено мрдаше со глава, искажувајќи го на тој начин своето сомневање во нејзиниот опстанок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, тој седеше во својата фотелја, се вртеше во неа, покажувајќи ја на најпростачки и малограѓански начин својата незаслужено стекната власт, и ништо не говореше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ичијанаги пронајде неколку плодни начини својата музика да ја ослободи од недостатокот на својата имагинација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Џоан Крафорд, односно нејзиниот пазарен лик, овозможува средство за бележење различност и издвојување од главнотековната американска култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа го прегрна, покажувајќи ја на тој начин својата подготвеност да го прифати детето. Да го негува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја користи тревожната забеганост на темниот материјал што го ископал за да консолидира групен идентитет околу тоа количество мрачно знаење однатре, тргајќи ги на тој начин својот општествен свет и својата публика настрана од нефраерите, од нормалците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)