Науката е страшна работа, заклучив поради што скромноста ме тераше да се срамам од својот очигледен успех.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие покажуваат дека науката е бескрајна, а човековиот дух да ја совлада е ограничен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оттука, можеби произлегува тезата на Жорж Брак: „смислата на науката е да успокојува, на творештвото – да вознемирува.“ Се разбира: Низ – невидливото, вонвременското ...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога небото повторно се смири, Игор Лозински прв се огласи: - Науката е денес немоќна да растолкува повеќе загатки од херојскиот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)