Беше тоа, од една страна, поврзано со некакво чувство на прогонство, а, од друга, со грозната тортура на национален натпревар во францускиот школски систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие години на наукување и Ecole normale беа години на искушение (разочарување, очај, паѓање на конкурсите - ништо не ми беше дадено туку-така).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ќе речеш: било поминало. Поминало, ама било како натпревар во кој поразот не го брише сеќавањето на победите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Беше тоа ноќта кога се одржуваше Трката со чамци - ужасно груби умееја да станат во ноќите на натпреварите во веслање - и јас се удрив во еден млад човек на авенијата Шафтсбери.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од често одење го усоврши ловењето, па дури и победи на републичкиот натпревар во риболов на блиското Савско Езеро.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во гнездото на Нигеријците влегов на забава по еден кошаркарски натпревар во „Парк“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Уште еден добиен натпревар во лигата на скептиците.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
И вчера заедно со Зоја и со Бил отидоа на боксерски натпревар во Монро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Каков е тој натпревар во кој секој поединец и секоја екипа го освојуваат челното место?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И какво е тоа прво место кога и првиот е последен а последниот прв?...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Како да постои во градот некој постојан детски натпревар во расфрлање, кршење, валкање... Да се запрашаме - зошто е тоа така?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Не беше зима а беше смрзнувачка таа ноќ на Мостот на воздишките во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сал туку си увкав во дланките чекајќи го да дојде Владимир Пиштало, да удриме набрзина по еден натпревар во брзо и долго воздивнување, една воздишка еден век, па потем да ги напоиме воздишките со домашно вино во траторијата Мадона, ем да ги напоиме, ем да им испееме по некоја нашинска, (нашите песни се нагрнати со топли ќебиња) ама не ни текна да прашаме дали воопшто важат резервациите кога е ноќ на смрзнатите графикони во Венеција САН МИКЕЛЕ: СТРАВИНСКИ И БРОДСКИ ВО ЕДНА ПЕСНА Тие двајцата, најпосле се најдоа под една сенка, тука, на гробиштата на островот Сан Микеле, на пет минути со бродче од плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И девојчињата се супер! Оваа година ќе се пријавиме за републички натпревар во Куманово.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Природно е да се запрашаш до кога ќе се зголемува водството и кога ќе се прими првиот гол во овој натпревар во кој нема нерешено.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)