Фактот дека навивачите на овој тим можат да си ги бодрат спортистите служејќи се со ова упатување на Аида укажува дека имаат или дека може да се претпостави дека имаат (сигурно имало и типови што не скопчале) заеднички склоп на општествени практики и културни сфаќања што им се својствени на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие иронии, исто така, го поткопуваат и шовинизмот што по правило се сврзува со тимските спортови: невозможно е поздравот Ritorna vincitor! да се сфати стрејт за готово.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Уште еден дел од ефектот на цитатот произлегува од неговата намерна, свесна неусогласеност, од свеста за комичната несоодветност на цитирањето велика опера во контекст на некаков натпреварувачки спортски настан – особено со оглед на женствената родова кодираност на великата опера и мажествената кодираност на спортскиот настан, како и со оглед на великоучената кодираност на великата опера како елитна уметничка форма која налага само ладнокрвно, емотивно невнесено гледателство и непрефинетата кодираност на спортскиот настан како активност во која се учествува масовно и која ѝ е соодветна на масовната култура, а која налага да се препоти секој што тврди дека е вистински маж.
Најпосле, многубројните намерни иронии на овој несообразен цитат се во основата на едно чувство на внатрегрупова особеност, солидарност и единство на чувство кај членството на клубот – односно, чувство на колективен идентитет (нешто што е соодветно за локалните спортски друштва кои навиваат за одредени тимови).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Алузијата на Аида, така, служи за консолидирање на идентитетот на членовите на клубот како припадници на посебна општествена група – група составена од геј-мажи – која ѝ припаѓа на особена, типична или стереотипна култура.
Накратко, многубројните иронии што се создаваат со упатувањето на опера во контекст на спортски настан им даваат на членовите на клубот заедничка свест дека се дел од конкретно геј-колективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)