Меѓутоа, колку и тоа да е чудно, најмногу од сите беше исплашена Ирина; таа лежеше во градината на трева и ги милуваше своите дебели бутини; стравот од лудило ја беше приковал за земја; но и во ужасот, таа покажуваше здрав разум: овој настан ги урна нејзините планови, и сега се плашеше и да помисли на тоа да го напушти Вадим; „кому би можела да му требам ваква“ - се матеше во нејзината нежна глава...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Некои поединости од настаните ги знаеше, од свекрвата, од блиските, ама, сега, тука на чардакот, беше изложена целата вистина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Улицата ја набљудував само со едно око и настаните ги таложев на крајот на својата свест та и да не сакав новостите лесно допираа до мене.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
По спомнатава вечера се случи необичен настан што заслужува посебно да биде одбележан. (Податоците за овој настан ги црпиме од „Комитските ливчиња“ на Ѓошо Савев, виенскиот студент, кој како комита лично беше задолжен за животот и сигурноста на познатата мисионерка).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во цртежите од воениот период тој го надмина доцниот импресионизам, така што маките и непоимливоста на настаните ги пренесувал во остри и зашилени форми.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Вадим почна да наликува повеќе на шумски дух отколку на научник, и најмногу се плашеше да не ги изгуби своите математички способности.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Слично изгледале телеграмите што во време на настаните ги праќале и другите дипломати од Солун до своите влади.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)