насмевка (имн.) - благ (прид.)

21. САНОЌ СЕДИ И СМИСЛУВА ЛАГИ - ти рече ли изутрина "Добро утро, брате", те огрее ли божем со насмевки благи ти прв ќе си, златен, в пајажина фатен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што е тоа што наутро ми ја прави насмевката блага?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)