насмевка (имн.) - врз (предл.)

Тој со занес зборува за топлите дланки на Ана, (топли како најслатко печено), за непостојаните форми на тестото во нејзините прсти; за нејзината насмевка и одразот на насмевкава врз надворешниот изглед на пицата; за состојките додадени на тестото што наеднаш ги губат посебностите во корист на целината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега лежеше пред нив во сопствениот гроб, во сопствениот ковчег, сам и блажен, со блажена насмевка врз лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)