„Мозокот може да општи со сите системи од вредност”, објави неодамнешниот наслов во New York Times, подразбирајќи дека апстрактно-фигуративниот дуализам е всаден во мозочните неврони.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Впрочем сето тоа треба да се третира како Панаѓур на богатите и среќните, заклучи тој , а не само како обичен наслов во некој дневник.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Всушност вниманието му го привлече необичниот наслов во еден од весниците "Панаѓур на богатите и среќните".
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На Скопје му фали свингерски клуб, гласеше еден од насловите во нивниот дневен Весник.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)