И како што се раскажуваше во Албанија, на 14 март 1997 година, кога албанското население беше дојдено до степен на екстаза откако се загуби во бездната на пирамидалните штедилници, кога речиси сите дипломати ја напуштаа земјата, Патрик Крисман беше вистински херој на денот: го надгледуваше евакуирањето на Французите од Албанија, но и евакуацијата на еден шкотски одред, заборавен од британските дипломати.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главно муслиманското население беше држано настрана во репресалиите, а војската ја вршеше својата должност со една ладнокрвност, за што треба да ѝ се оддаде признание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)