За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, Ардените од основа ми го изменија тоа мислење. Се движев по безбројните асфалтни патишта и патеки, со кои се поврзани сите населби на Ардените.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
––––––
1 Низ светот постојат неколку синагоги во различни градови што го носат името Битолски: La keila de los Monastirlis во Солун, The Sephardic Temple (Monastirli) во Њујорк и во Темуко и во Ерусалим. Колонии на Евреи од Битола се наоѓаат во Рочестер, во државата Њујорк во САД, во Индианаполис, во јужна Калифорнија, во некои населби на Флорида, но и во Темуко и Сантијаго во Чиле, во Бразил, во Мексико Сити во Мексико, како и во Ерусалим и во кибуцот Шаар ХаАмаким во Израел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во населбата на крајот од градот најдовме наши врсници од нашите краишта, мислам од егејска Македонија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)