Тоа зашто никаде тука во близина, ни на местото што христијаните од Потковицата го одредија уште кога населбата нарасна, излезе од Дупка и се завкачи по падините на Станкоски Рид, и никаде на друго место во Потковицата нема подигнато црква ниту некој друг знак што да укажува дека на тие простори живеат христијани, или дека, воопшто, живеат луѓе, од бога дадени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Може дека населбата нараснала па таа не можела да одговори на својата намена, а може дека подјадена од староста, а под забрана да се поправа, луѓето ја напуштиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)