Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За да ја проучиме дарбата на нашиот народ македонски!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На Косово паднале двајца царови. По таквото „јасно” претставување кај народот македонски за неговата „бугарска” народност, може ли да станува збор за бугарско национално самосознание кај Македонците?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)