Повлекување во јазикот
Сѐ повеќе тонам во јазикот
- турбулентно, катаклизмично
обожавање кое доаѓа со чувството
дека немам повеќе време
дека нема време, барем не
во банална смисла.
Народот таа состојба ја опишал
со изразите:
„нож под грло“
или
„ми гори под нозете“.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)