народ (имн.) - го (зам.)

— Народот се зби кон него, а Рушид слезе и заптиите почнаа да го влечат попот. Народот го опколи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што слушнав, што слушнав? — се провикна од високиот чардак Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога колективното право на народот го заменува и задушува индивидуалното и граѓанското право?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предиз­вика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогаш собрав поголема група млади талентирани и амбициозни луѓе, ги пратив на специјализација во најпознатите скопилишта по светот и кога се вратија целиот народ го подвргнав на скопување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Народот го подбраа, го собраа, го обраа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Убеден како и секогаш во силата на својот збор, на арамејски, наспроти грчкиот на кој разговараше со Римјаните, пред гневниот народ го раскажа својот живот и со нив го сподели мигот на своето духовно прображение на патот кон Дамаск.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така проповедал Гоце - пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако народот го подржува вака како што ти велам, потешко ќе оди таа работа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со години ќе го толкуваат историчарите овој човек-феномен во историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Тој можеби беше како либертадорот Боливар, кој според една метафора на Пабло Неруда, се појавува на секои сто години кога народот го повикува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што може да те спаси од слепа непромисленост и од глава наведната пред други која својот народ го поведе кон негово искоренување?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Христијанството е создадено од Евреите, и ширено од Евреите, но “само еден дел од еврејскиот народ го прифатил новото учење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои го отфрлиле до ден денес се викаат Евреи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега одеднаш нема граници за неговата хиперсензибилност, кога треба да се наслушне и најсуптилниот трепет на националната душа, сега тој е решителен и храбар кога стотици илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа и подалекувид е од сите кога на тој народ треба да му се покаже некаков пат, исто онака како што е како вистински стоик мирен и сталожен кога истиот тој народ го здогледува струполен во провалија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не ние, народот го одби јазикот со години што го правевме во име на власта и превласта да се разликува простото од ученото сочното од сувопарното да биде непрескоклив јазот меѓу Дворот и рајата меѓу зборот и животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)