народ (имн.) - ги (зам.)

Ќе речете оти народот ги направил најголемите жртвувања во полза на движењето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
128. Иако Мисирков зборува и одделно за Срби и за Хрвати, сепак повеќепати двата народа ги смета како еден во типолошка смисла, како што и српско-хрватскиот јазик го сфаќа како таков. 129.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие чудесни процеси на органска перихореза, македонскиот народ ги развивал своите способности, во согласност со својот сопствен антрополошки пат, без да го изневери “византизмот“ како историски образец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И јас во името на народот ги чував народните непријатели добро да кршат камен, добро да го делкаат и со врвот на иглата мерев да видам дали добро налегнува камен врз камен ... дури - како што велеше командантот - воздух да не пропушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И затоа, според Татко, таквите личности се појавуваат на стотици години кога народот ги повикува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа што не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите оние сублимни квалитети на една идеална интелектуалност коишто Ласиќевиот незнаен поединец како припадник на хрватскиот народ ги пројоцирал во сликата на библискиот пророк се порекнатиот дел од него самиот, во страв занемарениот момент на неговата конституциска женскост, како храброст на негација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Деновите по разврвените Солунски улици исполнети со униформи, питачи, заводливи жени и исплашен народ ги минуваше во размисли и потрага по смислата на она што веќе беше сторено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)