Во полчиштата на тој народ имаше и Словени што се сметаа од Византијците пак за Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но инаку одат работите ако двата народа имаат свои држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овде и во доцните часови е извонредно живо, а народ има како среде ден.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, има еден одговор кој ние многу потребен,како насушен леб, а тоа е следново: Нашиот македонски народ има потреба да направи историски чекор кон новата културно цивилизациска парадигма со цел да се креира одржлив општествено економски и технолошки систем, на тој начин осигурувајки го својот културно цивилизациски ОПСТАНОК.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секој народ има сопствен културен систем кој се пренесува како традиција и се чува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
3. Ама, секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најмногу сака да раскажува за партизаните, за брат му Оцка, кој загинал во Лавчанската Корија крај селото Лавци на Пелистер 1942 година со Таќи Даскалот и Елпида Караманди, оние за кои народот има испеано убава песна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)