Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Повелам, кога мојата света наредба ќе стигне, да работите на изложениот начин, според високославната содржина и високславната наредба што налага покорност и приспособување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Наредба ќе беше, му велам, во времето на татка ти, попот божем наш селски, кој го опиваше народот наш со верски заблуди и, згора на тоа, уште и пари ни земаше - имаш-немаш на попот мора да му платиш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)