нарамник (имн.) - дрво (имн.)

Ако не е така барем да се вежам, да си донесам нарамник дрва за кладата на која да догорам... Зошто ми префрлаш дека сум стар, о, смрти, o, sancta simplicitas, о, едноставности света... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Уште кога се прибраа со нарамник дрва, од трлото излегоа двајца луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Однадвор донесе еден нарамник дрва, ја растрга пепелта, собра една рака слама и му рече на Трајчета: - Ајде Трајче, ајде пиле!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вовезан со дрва е човек кој носи нарамник дрва со јажето врзано преку рамена и градите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нарамници глави, ко нарамници дрва, секој ден изнесува, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)