напор (имн.) - се (зам.)

Вратата со напор се отвори, и висока правоаголна сенка жедно ме повлече внатре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од сонот го тргна ѕвонењето на специјалниот телефон. Со напор се крена и отиде до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, со крајни напори се облековме и тргнавме кон црквата за да се причестиме а безброј пати до црква седнувавме за да се одмориме, па така фустаните нови ги направивме бербат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во принцип, воениот напор се планира така за да го изеде секој вишок што би можел да постои откако ќе бидат задоволени најнеопходните потреби на населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со очајнички напор се пробија низ наметот и излегоа на бришан простор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)