Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)