напомена (имн.) - дека (сврз.)

Но најопасно од сѐ беше тоа што тој не веруваше во неви­ ност и мислеше дека сите ние сме онолку софистицирани колку што тој мисле­ше дека е и самиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во неколку наврати после атентатот, напомена дека тој мислел дека било јасно дека се шегувал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттука е и негова софистицираност-невиност, бидејќи верувам дека Ворхол некаде длабоко во себе веруваше во вистинска слава - како есенција на вистинска каризма.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Валијата му го препрати писмото од мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој си ја поткасна муцката и омодре, но ништо не проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фаик Коница задоволен од своите резултати му ја испраќа студијата на својот пријател Гијом Аполинер, со напомена дека и тој стигнува како него до истиот заклучок: странските зборови кои се влезени во еден јазик или треба да бидат сварени, или да бидат отфрлени!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Второстепениот суд ја уважи жалбата на Китан и го врати предметот на повторно разгледување, со напомена дека стручни лица за таква експертиза (геофизичари) треба да се бараат од Факултетот во Белград.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Второстепениот суд ја усвои жалбата на Танаил, го укина решението и му го врати на првостепениот суд на повторно разгледување и одлучување заради непотполно утврдената фактичка причина за пукањето на куќата, со напомена дека треба да се бара стучно мислење од пиротехничар.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден од партизаните му напомена дека е поарно да се врати в село, да не паднело сомневање на него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само Ѓурчин патем напомена дека се чувствувал непријатно кога е принуден да го употребува потписот за да се спротнат одлуки за кои не постојат лични барања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој сметал дека станува збор за праведно решение кое за жал не е поткрепено со лична молба, а на суштинскиот дел му недостасувале и валидни податоци; притоа барањето пристигнало со прилично задоцнување, што се сметало за спротивно на духот на прописите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште напомена дека таа многу не држела до посебните признанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека ги сметала за некорисни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така беше до пред недела две, а последниот пакет ми се врати со напомена дека е ослободен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еден од партизаните му напомена дека е поарно да се врати в село, да не паднело сомневање на него. Се разделија кај камењарот на сувиот порој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)