И така, откако не исчистија со топла вода и сапун и валканите пљачки ни ги попарија и ги испраа, и откако не дооблекоа и добро не нахранија, по топли и средени куќи не сместија, тогаш почнавме да се пребројуваме, да прашуваме и препрашуваме за живи и загинати, за сакати и изгубени, и се собиравме на оплакување, на помен и намнисување во тие куќи напуштени, од кои, како што се зборуваше, ги беа истерале Германците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)