Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога Андре Лефевр се обиде да ја дефинира целта на Translation Studies, тој сугерираше дека намерата се состои во тоа да се „создаде сеопфатна теорија која ќе може да служи како директива во процесот на преведување“, и додека некои можеби се прашуваат за спецификацијата на оваа изјава, неговата јасна намера да ја поврзе теоријата со праксата е неспорна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Едно време, уживавме да тргнеме за Атос, во „државата“ на манастирите, но од оваа намера се откажавме бргу.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)