намера (имн.) - бев (гл.)

Намерата беше - откако Новоговорот ќе биде прифатен еднаш засекогаш, а Староговорот заборавен - еретичната мисла, односно мислата што се разликува од принципите на Ангсоц, да биде буквално несмислива, барем онолку колку што мислата зависи од зборовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако првичната намера беше да се прескокне вечерата, сите заедно прикаснаа од разновидните ѓаконии приготвени од рацете на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мојата намера беше поразумна, само сакав да го снимам првиот филм за психоанализата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неодамна го видов сценариото на Опседнат и морам да ви признам дека не ми се допадна толку.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мојата мисла и мојата намера беа благородни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мојата намера беше да го употребам во строгата, тредиционална, Европска смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие се осиромашија, а јас сватив дека намерата беше на тогаш опустошеното Костурско и на Преспа да им се промени ликот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мојата намера беше со ова дело да иницирам кај публиката свесност за тоа дека субјективноста е дел од комјутерски-генерираната информација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)