налог (имн.) - на (предл.)

Александар не го познаваше јатакот на Бојана, но горе – долу го знаеше неговиот син, Тоа беше момчето кое пред некоја година му беше водич низ ЛОЈАЛНОСТ ДО ГРОБ, кога ја правеше репортажата за населбата по налог на Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој и самиот беше навремено известен за враќањето на владиката, но на тоа гледаше како на технички податок, со оглед на битните задачи, коишто поради примопредавањето и инсталирањето на новата власт на островот, веќе му се наоѓаа во задоцнување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Итромани, им ги продаваа и нам ни велеа дека по налог на партијата ги праќаа на фронт за да имаат нашите што да јадат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа било по налог на потпретседателот на владата Борко Угрин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)