По едни дрвени мердевини, потпрени на гредата, се качуваа до нив тие што сакаа да ги купат, да ги штипат, да им ги видат мускулите и забите, или да ги поплукаат како душмани на Падишахот, та ибн Пајко, со сведен поглед од срам, виде многу калци и налани во бели чорапи како се пентарат по тие мердевини, ѕвечкајќи им ги синџирите на фатените.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)