наезда (имн.) - на (предл.)

- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И покрај наклонетоста на професорот кон таканаречените злослутни поединости тој не можеше да го предвиди настанов што ќе се обидеме да го опишеме бидејќи тој се случуваше, според наодите на службите повикани да ги расветлуваат ваквите настани, речиси во истиот ден а можеби и момент додека Седларов го презентираше својот труд за наездата на сенките во спомнатата симпозиумска расправа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во Царството што се распаѓаше пред силните наезди на фанатизираните варвари и бедната дволичност на бесрамните политичари, патрицијот, вели правдољубивиот историчар, постојано се напојуваше со чистиот свет на идеите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Податоците што овојпат ги соопштува иако се труди да не ги прикаже како крајно сериозна појава, во иднина, додаде тој, а можеби и во некој близок ден, ќе претставуваат основа за многу посериозни приоди кон проблемите и опасностите што ги носи со себе сѐ уште не расветлената појава што во моите проучувања ја именував како наезда на сенките, истакна професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш всушност почна да се случува, или поточно да се открива настанот што тој веднаш го сфати како крунска потврда за разумноста на неговата зафатеност со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На научниот симпозиум насловен не многу претенциозно „Појави во движењата на етникумите“, научното соопштение загадочно насловено како „Наезда на сенките“ на професорот Седларски не привлече некое посебно внимание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)