Болниот, на свој начин среќен што најпосле се сетиле и на него, со надеж ја издолжил шијата. Го заборавиле, сега е ноќна загатливост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Дома не може сам. Нозете не го држат. Не ќе стаса ни до Дмитровиот гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)