И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И потоа никој од никого не можел да искорне ни пелтечав збор, никој над никого господар и секој роб на својата опачина, на својот страв дека дел од нејасна вина лежи над него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но нејќеше Петре така лесно да се помири, некаква силина се разбудуваше во него, некаква надеж се јавуваше и го тераше да верува во себе, во својата чудна предреченост, и да ја бара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Колку за илустрација, ќерката на еден поранешен синдикален лидер се фалеше дека од парите кои нејзиниот татко и ги давал како „џепарлак“, а таа педантно си ги собирала – подоцна си купила стан во Скопје!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од друга страна, читам дека нова надеж се отвора – ако ништо друго за Америка: една фирма успеја да најди нафта во Саудиска Арабија после многу неуспешни проби. Во близина на градот Дамам во персискиот залив.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)