Додека трчавме низ сите оние сериозни денови верувајќи дека целта е близу и дека ниту еден чекор не е сторен залудно ние бевме оние кои можеа да ѝ го одредат името на светлината и да ја поведат со себе па и да седнат напладне со неа на сиромашен ручек на тревата во друштво со птиците што стрпливо ги очекуваат своите трошки Така се качувавме кон будните соништа И не знаевме оти овој кревок живот што нè води за рака може да нѝ понуди сè но и да нѝ оспори сè Дури и не помислувавме оти во Кулите на ветената надеж живеат веќе ќерките на нашата тага И дека во растурената градина зад леандрите нè очекуваат цвеќињата на нивните солзи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Копнежу мој, сакам да те сонам, љубовта моја од надежи живее буден те сонам и во илузии тонам.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)