нагон (имн.) - и (сврз.)

Средбата и односот на сексуалниот нагон и на нагонот на смртта во полето на уживање е јадро околу кое се формира значењето третирано во новата британска уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нагонот на смртта е клучен за развојот на Фројдовата идеја за психичкиот живот „од онаа страна на принципот на задоволство“ бидејќи „принципот на задо­волство е тенденција којашто се наоѓа во служба на некоја функција на која ѝ припаѓа задачата душевниот апарат потполно да го ослободи од возбуде­ност или количината возбуденост да ја држи што пониска или константна“.3 Во заднината на овој принцип Фројд гледа „умртвувачка“ функција, која има удел во општото настојување на сето живо да му се 3 Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, Нови Сад 1994, стр. 164. 174 okno.mk врати на мирот на анорганскиот свет (фамозниот нагон на смртта).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)