Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остануваше, чиктисан муцка в муцка со него, со тој скусен простор меѓу нивните очи, и не се ни помрдна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без брзање се исправи на нозе. Можеше засекогаш да ми ја затне муцката со удар. Од сеченото чело му протече крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)