мускул (имн.) - од (предл.)

И кожата му мирисаше слично, му беше мазна, топла, темна и оптегната над цврстите мускули од рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби ниедно живинче не ја преживеало оваа стравотна ноќ?“ - размислуваше момченцето, кревајќи се на мускулите од рацете, така што со устата ја бакнуваше напати студената, исчадена греда, па бавно се спушташе, нишкајќи се притоа со целото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пиљарот е силен и висок човек со развиени мускули од боди-билдинг вежбите со кои веќе долго се занимава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме болеа мускулите од тепањето на месото, а крвта под ноктите не можев никако да ја извадам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)