музика (имн.) - ќе (чест.)

А потоа сериозно праша, дали и таа лично можела да им се обрати на ужалените од името на вдовиците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Музиката ќе засвири, а јас веќе ги поткревам рацете, ги ширам ко крилца пред полетување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И со која музика ќе сме ја испратиле починатата? И дали некој ќе говорел?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)