И, куц-куц, тоа куцо човече почна и за ќајата Неби-ага да претставува камен за сопнување, не само филијка од лебот на папуџијата Јосиф: кај папуџијата Јосиф доаѓаше по свои папучи и лично кадијата Гази-баба, а Гази-баба не одбра Турчин за таа работа, туку баш рисјанин, зашто тој што беше седумпати едноподруго избиран за кадија на Скопје, со мудроста отиде далеку и виде дека душата на овдешниот човек полесно се предава со милост, отколку со сила.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)