мува (имн.) - на (предл.)

Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој дури помислуваше да се спакува и да си бега дома, но после му се виде дека баш тоа може да стане особено сомнително, да го открие како човек што си ја има мувата на капата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И плипот народ се качува на купиштата железо, како муви на мрша да се качуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со полни кошници грозје, набрано од лозјето под Карадаг, тие двајцата се упатија во сарајот на санџак-бегот, но едниот сепак посмел од другиот, зашто си ја немаше мувата на капата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се разбира, тој бил изненаден од едно вакво барање, но не можел да не го поврзе тоа со неговата ситуација, со „мувата на капата“, со Ерменката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Удираме ко мувата на стаклото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)