Што имал продал, што му избројале на дланка испил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
АНДРЕЈА: Поминуваат покрај нас зад заматени прозорци и нѐ гледаат како да сме муви во маќеница.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ почесто го наоѓале како се тетерави пред сурија распуштени дечишта или како спие напаѓан од муви во сенка на циганска плитарска куќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некакви ситни мечешки мувички во рој го покривале сивото лице на мртовецот, на брадата се згрутчувала крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)