мрак (имн.) - од (предл.)

Светлината почнува да се намалува. Пустелијата поцрнува и потонува во мракот од каде што изрони.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во таква ситуација, ти како верверичка на плоден орев се поместуваш сѐ на покрајните гранки, готов да се изгубиш во мракот од каде што си дошол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Светкавици ко да беа во мракот од струежот на црвените води во моментот кога амор нѐ зближи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само двајца луѓе со по една маска излегоа на мракот од селото и тргнаа во два разни правци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пребарувам по мрак од зајдисонцето, носена од мелодијата на штурецот... во летната спарнина воздухот трепери како згужвана свилена тканина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Отиде право на караколот, го најде бимбашијата што го бркаше на „Соколот" четите и му кажа дека нападнале вчера вечер кај него и утре ќе денуваат на високата чука Маргара над нивното село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)