Со скокотливи мравки во грлата, движења на топлина што измамува и ги распливнува трагичните мисли за крајот на животот, најстарите се погледнувале со надеж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се разбира, осетив олеснување затоа што се мртви, бидејќи никогаш ниедна не би можела да убијам, и да беа уфрлувани живи внатре, во кесата за прашина во правосмукалката, верувам дека повторно ќе ги доживував кошмарите како тогаш кога мојот маж се бореше со жолтите мравки во нашата кујна.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Патуваа негде мравките во бескрајни колони.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Цела ноќ лежев будна мислејќи на живите мравки во утробата на апаратот, па кога в зори конечно заспав, се најдов себеси во страшниот тунел на цевката- смукалка каде што пред себе ги слушнав: стотици тела што шушкаат во гнасотијата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Незаборавниот ден осамнал со неколку богомолски подвиткани кокичиња во присојот на источните манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)