мошти (имн.) - на (предл.)

Тоа се потврдува во сцените од испосничката ќелија, каде се наоѓаат моштите на древниот пустиножител и гускиното перо со кое тој ги запишувал своите мисли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите напори ги совладуваше со леснотија од едно чувство на исполнетост од големиот подвиг што го направија заедно со Танаско и неговата Пена - што ги вратија моштите на дедо Костадина во Македонија и што ѝ ја олеснаа смртта на старичката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Вистина ли е тоа што се говори, Филозофе, за светите мошти на Свети Климента?“ праша логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пци глутници гробиштата ги ископаа, моштите на монасите ги изглодаа, ги раскостија, со нив се нагостија. Сетне, плочите ги разградија и ги продадоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)