мост (имн.) - во (предл.)

Целата турска војска и полиција беше во приправна состојба, откако по македонските гори излегоа да крстосуваат комити.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, оваа голема мина ќе го дигне Алипашиниот мост во воздух - вели четвртиот работник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И така купот расте ли, расте...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но сепак, на големиот камен мост во Скопје, турската стража стоеше на своето место.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се знае и за тоа дека во 1105 година е организиран првиот панаѓур, додека пак во 1172 годна била завршена градба на еден од најстарите мостови во Европа - мостот Јудита.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПОД големиот мост во Келн, на оној мост што служи и за железницата и за пешаците, под чии сводови минува автомагистралата за Бон, речиси на дофат на монументалната Келнска катедрала и на главната железничка станица, а покрај павирните кејови на Рајна, од каде што, како ехо, допираат звуците на бродските сирени, кои овде како густи јата ја сечат реката во обата правца, во близината на трговскиот центар, се наоѓа „црвениот“ Келн, кој своите светлини ги пали во првите вечерни часови, а ги гасне во првите мугри...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Единствено на овој мост во Прага пешакот се движи безбедно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Третиот, недефиниран космополит, тврди дека најстар, најголем и најубав е мостот во Регензбург.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогаш во најстрога доверба првпат видов голи женски на црно-бели фотографии, баш тогаш, кога некои од другарчињата ми се фалотеа дека под процепите на дрвеното мовче во родниот град ѝ ги виделе гаќичките на строгата наставничка по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Може да се наведе и фрлањето од мост во река, но за оваа варијанта да биде комплетно успешна подобро би било да си стаите камен потежок затоа што често се случува со падот во реката да ви се јави инстиктот за преживување и Севишниот да ве врати повторно во живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, во тој случај, ќе беше изоставена убедливата истражувачка метода на Тортон Вајдлер во книгата „Мостот на светиот крал Луис“ (The Bridge of San Louis Rey) - една скрупулозна студија на биографиите, напишана со цел да ја оправда случајноста кога пет личности што не се познаваат страдаат при рушењето на еден висечки мост во Перу.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кхм, откаде тој кај вас? Јас такви мостови во воздух дигав, во војната, кога бегавме...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дедо Васја колку што имаше сили, се загледа во речната темнина и нерешително рече: - Мост, веројатно. Железничарски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога наближив до крајот на мостот, здогледав толпа луѓе кои гледаа од мостот во валканите води на овој дел од Златниот рог.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само знам дека е така, дека некаде преминувам мост во истиот миг (но не знам дали е истиот миг) во кој момчето на Ривасови го прифаќа чајот и си го мести најдобриот израз на кретен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, во Арта, во Грција, ви го покажуваат мостот во кој е заѕидана некоја девојка: низ една пукнатина ѕирка прамен од нејзината коса и виси над водата како некакво златесто растение.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, еден ден, најстариот брат ги викнал кај себе помладите и им рекол: „Браќа мои, браќа по крв, по млеко и по славата божја, ако не ја изградиме кулава, Турците пак ќе ни се приближат до езерскиот брег, криејќи се низ трските.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се случи баш на Камениот Мост во Скопје да зацапам меѓу два огна.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мајка како мајка: во мислите ги пребројува облаците таму далеку, над Карловиот мост во Прага и мигум ја збира цела Влтава во мајчина солза.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Потокот што се влева во Маркова Река, веднаш под мостот во близината на селото Батинци, е зголемен со темна и видливо мрсна вода, чијшто мирис станува сѐ посилен доколку се оди кон неговиот горен тек поблиску до депонијата Дрисла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бебето ќе ѝ падне од рацете во реката и струјата ќе го преземе како Мојсеј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби ќе биде кога ќе преминуваат преку мостот во недела .
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ќе го држи бебето крстено Понекогаш или Лебед или Врба и кога возот ќе пролета покрај нив ќе мораат да се фрлат на челичните носачи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така излегоа на патот што како под конец право надолу се спушташе на мостот во селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој, околу 20,30 часот, со неколку килограми динамит, ги оштетил гасоводните и водоводните цевки што минувале под еден мал мост во близина на морето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)