Веќе уморниот гостин, кај Карловиот мост го чека уште едно пријатно доживување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пладнето заминавме од Езерец. На свиокот, пред мостот го слушнавме одвај чујното ѕвонење на камбаната на црквата Свети Никола, чиниш ни кажуваше дека нема умирање и исчезнување на човекот се додека за него трае споменот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Прекрасниот Камен мост го делеше десниот од левиот дел на градот, во кој како да беа насобрани највпечатливите остатоци на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во замокот ги јавнаа коњите и факелите на неколку чекори зад мостот го открија блескањето на оставените, зинати чевли на девојката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)