да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Вака и вака, честит царе, и морињата ќе ги видиш. Царот скокнал, само што него нозете многу не го држат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)