момче (имн.) - ги (зам.)

Велат дека во текот на ноќта педесет наши момчиња ги нападнале италијанските батерии.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знам дека звучи малку лудо, но еднаш едно момче ги повреди моите чувства и јас сакав да скокнам под подземната железница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Отпосле се запрашав: и да стоев пркосно како цуцул до последната станица само на едната нога, ќе ги избришев ли како што се брише потта од челото, знаците на старост што момчето ги виде во моите очи?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
За да соберат што повеќе наши момчиња, српските окупациони власти одеа дури дотаму што ги фалсификуваа црковните и општинските книги, од помлади момчиња ги правеа постари, ги собираа и ги испраќаа во шумадинските градови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кожинката тврди дека и во оние разговори, од кои не се водени службени белешки, момчето ги повторувало податоците изнесени во официјализираните изјави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)